11 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Poco F4 GT“ доаѓа наскоро и може да се пофали со импресивни...

„Poco F4 GT“ доаѓа наскоро и може да се пофали со импресивни карактеристики

Производителот на смартфони „Poco“ на 26-ти април ќе го претстави својот најнов телефон „flagship killer“, а тоа е моделот „Poco F4 GT“.

Се очекува „Poco F4 GT“ да биде ребрендиран „Redmi K50 Gaming“, а ова дополнително го сугерира најновиот список на „Geekbench“ на кој се појави телефонот. Телефонот се напојува со чипсет „Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1“.

Споменатиот премиум чип постигна 1.235 поени во тестот со едно јадро или 3.555 поени во тестот со повеќе јадра. Користеше оперативен систем „Android 12“, со интерфејс „Xiaomi MIUI 13“.

За останатите спецификации на телефонот дознавме малку порано, па така „Poco F4 GT“ ќе има 6,67-инчен „OLED“ екран со „FHD +“ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz. Системот на камерата ќе се состои од главен сензор од 64 MP (Sony IMX686), ултра широка камера од 8 MP и макро сензор од 2 MP на задната страна. Од предната страна се очекува селфи камера од 20 MP.

Уредот ќе се напојува од батерија од 4.700 mAh, со поддршка за брзо полнење од 120 W. Се очекува да биде достапен во варијанти со 8GB RAM и 128GB простор за складирање и 12GB RAM и 256GB простор.

Останува само „Poco“ да ги открие информациите за цената и достапноста на телефонот „Poco F4 GT“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП