2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМотоциклот повеќе не е најопасното превозно средство - имаме нов шампион

Мотоциклот повеќе не е најопасното превозно средство – имаме нов шампион

Електричниот тротинет е најнебезбедното превозно средство, заклучија научниците по анализата на 36 милиони медицински белешки.

Истражувачите од Универзитетот Калифорнија во САД во своето истражување се фокусираа на безбедноста на индивидуалниот транспорт. Тие со компјутерска програма анализирале 36 милиони медицински досиеја од 180 клиники и болници, настанати во периодот од 14 јануари 2014 до 14 мај 2020 година.

Програмата барала описи на повреди, клучни зборови и „учела“ нови термини. На крајот, беше можно да се подготви извештај кој не остава сомнеж за тоа кое превозно средство треба да се избере за безбедно да стигнете до вашата дестинација.

Во испитуваниот примерок на медицински установи, евидентирани се 1.354 пријави за повреди здобиени при управување со електричен тротинет. Тоа е во просек 115 повреди на милион патувања, но има еден детал кој вреди да се забележи.

До 2018 година, односно до наглиот раст на популарноста на електричните скутери, просекот на настани бил околу 13 годишно. Во 2018 година веќе имало 592 повредени лица, а во 2019 година 672.

Според бројот на несреќи, електричните тротинети дури ги поминале и мотоциклите (во просек 108 повреди на милион патувања), кои претходно важеле за најопасно превозно средство.

Велосипед со 15 повреди на милион патувања е многу побезбеден. Сепак, неприкосновен лидер во безбедноста во индивидуалниот транспорт е автомобилот – само 8 повреди на милион патувања.

Зошто електричниот тротинет е толку опасен?

Како што се наведува, го користат луѓе кои помалку ги познаваат сообраќајните прописи (во споредба со, да речеме, мотоцикл), а многу од нив дополнително се возат под влијание на разни стимуланси „бидејќи се работи само за тротинет“.

Понатаму, многу корисници на електрични тротинети немаат вештини кои ги дефинираат како возачи. За да возите автомобил, мора да положите возачки испит и да имате минимално знаење за тоа како функционира патниот сообраќај.

Исто така, електричните тротинети најчесто се возат без кациги, па ризикот од сериозни повреди во случај на несреќа значително се зголемува.

Покрај тоа, тротинетите забрзуваат многу брзо, па дури и оние со ограничена брзина на 25 km/h можат да ве изненадат со своите перформанси.

Малите тркала, возраста на возачот, алкохолот, дрогата и несреќите се неизбежни …

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП