6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистрите и пратениците во Русија заработуваат стотици пати повеќе од граѓаните

Министрите и пратениците во Русија заработуваат стотици пати повеќе од граѓаните

Во 2021-ва година, просечниот член на Државната дума заработувал 110 пати повеќе месечно од просечниот Русин, објави „ВВС“.

Приходите на министрите се 137 пати поголеми. Најскромна е разликата меѓу оние кои работат во претседателската администрација: нивните приходи ги надминуваат оние на просечниот Русин за „само“ 28 пати.

Вчера беа објавени даночните пријави на претставниците на претседателската администрација, вклучително и Владимир Путин, министрите на федералната влада и пратениците од Думата.

„ВВС“ го спореди просечниот приход на државните службеници и замениците со просечниот приход на Русите во 2021-ва година. Според „Росстат“, тој е нешто помалку од 40 илјади рубљи месечно.

Министрите во руската влада во 2021-ва година заработиле во просек над 65,7 милиони рубљи, јави „ВВС“. Ова е просекот за 32 лица, не земајќи ги предвид приходите на членовите на нивното семејство.

Односно просечниот месечен приход на рускиот министер е речиси 5,5 милиони рубљи. Ова е 137 пати повеќе од просечниот руски граѓанин во споредбата на „Росстат“.

Меѓу министрите има и луѓе со многу високи примања. На пример, тој од индустријата и трговијата, Денис Мантуров има заработено речиси 705 милиони рубљи. Има и такви кои заработуваат релативно малку. Министерот за образование Сергеј Кравцов, на пример, заработил нешто повеќе од 9,6 милиони рубљи или во просек околу 800.000 месечно.

Минатата година нагло пораснаа и приходите на вицепремиерот Јуриј Трутнев. Тој заработил речиси 393 милиони рубљи наспроти 42 милиони една година порано. Судејќи по неговата декларација, Трутнев продал дел од својот недвижен имот.

Државната дума во просек заработува помалку од владата. Во 2021-ва година, просечниот пратеник добивал приход од 4,4 милиони рубљи месечно, а годишно – 53 милиони рубли. Ова е 110 пати повеќе од просечниот Русин за истиот период.

Има некои рекордери меѓу народните пратеници. Меѓу нив е и пратеникот на Државната дума од Комунистичката партија Владимир Блоцки, чиј приход изнесува 3,5 милијарди рубљи. Просечно тој заработува речиси 300 милиони рубљи месечно. Блоцки пријавил недвижен имот и во Обединетото Кралство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП