14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ54. ден војна во Украина: Пет ракети истрелани кон Лавов, експлозии во...

54. ден војна во Украина: Пет ракети истрелани кон Лавов, експлозии во Киев

Руската специјална операција во Украина продолжува. Откако припадниците на „Азов“ и странските платеници не ја искористија понудата да го положат оружјето, руската авијација и артилерија продолжуваат со интензивни напади врз нивните позиции, односно врз фабриката „Азовстал“.

Покрај тоа, руските ракети и авиони продолжуваат да летаат низ Украина.

Пет ракети ја погодија областа Лавов во понеделникот наутро, изјави гувернерот Максим Козицки.

Во гранатирањето на Харков загинаа пет лица, а 13 се ранети.

Во Николаев, во близина на пристаништето Одеса, гувернерот известува за постојани ракетни напади.

Според Би-Би-Си, во источниот дел на земјата постојано се слушаат сирени за воздушна опасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП