Во тешка битка пред верната публика, Македонија стигна до 27:25 (14:12) победа над Чешка за да стане последната европска репрезентација која се пласираше на Светското првенство во 2023 во Полска и Шведска, продолжувајќи ја убавата традиција за настап на големите натпреварувања.
Откако во Злин во првиот меч пропуштивме голема шанса за победа и одигравме 24:24, во Скопје ни беше неопходна победа против стариот познаник, Чешката Република. Чесите стартуваа подобро и стигнаа до 4:2 водство, но предводени од Талески успеавме да направиме пресврт и да дојдеме до 7:4 водство. Сепак, разликата во текот на целиот меч се движеше до максимални четири гола во 51. минута (20:16), по што гостите успеаја да се вратат и да дојдат на само гол разлика (25:24) на четири минути пред крајот.


