4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Morgan Stanley“ изненади со помал пад на профитот од очекуваниот

„Morgan Stanley“ изненади со помал пад на профитот од очекуваниот

Американската банка „Morgan Stanley“ објави помал од очекуваниот пад на добивката во првиот квартал од 11%. Речиси двојно поголем износ на надоместоци од консултантски активности за спојувања и превземања помогнаа да се ублажи влијанието на падот на активноста на пазарот на капитал.

Кредиторот имаше подобри резултати од својот конкурент „Goldman Sachs“ во сегментот на спојувања и преземања, иако руската инвазија на Украина ги потресе пазарите на капитал и ги принуди компаниите да ги замрзнат плановите за зделки и огласи.

Приходите од тргувањето со хартии од вредност, исто така, се покажаа подобри отколку што прогнозираа некои аналитичари, паѓајќи за 6% за кварталот на 3,98 милијарди долари од својот врв минатата година.

„Morgan Stanley“ забележа 258 милиони долари приход од својот бизнис со собирање капитал за клиентите во форма на хартии од вредност, што е значителен пад од 1,5 милијарди долари една година порано. Според „Refinitiv“, обемот на трансакции од овој тип се намалил за 80% во првиот квартал и за „Morgan Stanley“ и за „Goldman Sachs“.

„Morgan Stanley“ имаше 944 милиони долари приход од консултантски услуги во текот на кварталот, од 480 милиони долари една година порано.

Сепак, приходите од инвестициското банкарство паднаа за цели 38% на 1,76 милијарди долари.

Заработката на „Morgan Stanley“ за трите месеци падна на 3,54 милијарди долари, или 2,02 долари по акција, од 3,98 милијарди долари или 2,19 долари по акција, една година порано. Сепак, ова е над прогнозите: аналитичарите очекуваа просечна добивка од 1,68 долари по акција, според „Refinitiv“.

Нето приходот падна за 6% на 14,8 милијарди долари за кварталот, но сепак е над 14,27 милијарди долари.

Приносот на физичкиот капитал на банката, внимателно следен со метрика која покажува колку успешно банката го користела својот капитал за да генерира профит, изнесува 19,8% за кварталот. Вредноста е далеку над целта на банката за две години од 14% до 16%.

Вкупните трошоци на банката паднаа на 4,83 милијарди долари од 5,3 милијарди долари една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП