1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПовлекување на Cruze поради проблем со сопирањето

Повлекување на Cruze поради проблем со сопирањето

cruze

„Chevrolet“ неодамна најави повлекување на одредена верзија на моделот „Cruze“ поради проблеми со системот за сопирање. Според информациите вкупно 292.879 единици на моделот „Chevrolet Cruze“ ќе бидат опфатени со ова повлекување и нивните сопственици треба да се јават во овластените сервиси за да го отстранат овој проблем.

Во соопштението се вели дека кај некои од возилата проблемот настанува од пумпата која обезбедува помош при сопирањето. Тоа може да доведе до намалување на функционалноста или целосно губење на системот за помош при сопирање и да го зголеми ризикот од судир.

Возилата кои го имаат овој проблем се произведени во периодот од 10-ти мај 2010-та до 20-ти јуни 2011-та година, како и од 6-ти април 2011-та до 7-ми август 2012-та година. „GM“ ќе ги извести сопствениците на возила кои ќе бидат предмет на ова повлекување.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП