28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмазон нема да користи криптовалути

Амазон нема да користи криптовалути

Извршниот директор на Амазон, Енди Џеси, рече дека овој гигант за е-трговија нема да додаде криптовалути како опција за плаќања на мало во блиска иднина.

Во интервју за CNBC, Џеси рече дека ќе биде можно да се продаваат крипто NFT средства на платформата „Амазон“ и очекува раст на трговијата во оваа дигитална форма.

NFT е вид на дигитално средство што постои во блокчејнот и стана популарен во 2021 година. Уметничките дела на NFT достигнуваат цени од повеќе милиони долари.

Џеси рече дека криптовалутите ќе станат позначајни на долг рок, но додаде дека тој лично не поседува ниеден биткоин.

Се повеќе компании почнуваат да ги прифаќаат виртуелните валути како средство за плаќање и воведуваат дигитални валути кои се уште не се поддржани од големи финансиски институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП