25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген оствари голема добивка

Фолксваген оствари голема добивка

Германскиот гигант во производството на автомобили Фолксваген (VW), и покрај пандемијата на коронавирус и војната во Украина, во првите три месеци од оваа година оствари огромен профит од неколку милијарди евра.

Оперативниот резултат, пред специјалните ставки, беше 8,5 милијарди евра, објави Фолксваген врз основа на прелиминарните податоци. Тоа е за 77 отсто повеќе отколку во првиот квартал од минатата година.

Сепак, инвеститорите беа загрижени што Фолксваген предупреди дека почнува да го чувствува влијанието на војната во Украина врз синџирите на снабдување и цените на суровините во првиот квартал, а долгорочните ефекти врз неговиот бизнис е тешко да се предвидат.

Силниот раст на профитот на Фолксваген се објаснува со силниот оперативен развој.

Концернот не продал повеќе автомобили, туку напротив, од јануари до март испорачал околу половина милион автомобили помалку од лани во исто време, што е пад од 22 отсто.

Сепак, забележан е пораст на побарувачката за електрични автомобили, кои во првиот квартал продадоа околу 99.000 единици.

„Побарувачката за електрични возила е голема ширум светот, како и нарачките“, рече лидерот на продажба Хилдегард Вортман.

Според неа, доколку немаше проблеми со испораката на потребните суровини, бројот на испорачани електромобили ќе беше поголем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП