23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИТвитер објави „план за одбрана“ од Илон Маск

Твитер објави „план за одбрана“ од Илон Маск

Твитер објави „одбранбен план“ против намерата на шефот на компаниите „Тесла“ и „Спејс екс“, Илон Маск да ја купи оваа социјална мрежа, според кој на акционерите им е дозволено да купуваат нови акции.

Одборот на директори едногласно го усвои планот за правата на акционерите, познат и како „отровна пилула“, пренесува АФП.

„Планот за права ја намалува можноста секој ентитет, лице или група да добие контрола врз Твитер преку акумулација на отворен пазар без да им плати максимална цена на сите акционери со цел да добие контрола“, се вели во соопштението на социјалната мрежа.

Маск го шокираше технолошкиот свет со понудата да ја купи компанијата, оценувајќи дека тоа го направил за да ја промовира слободата на говор преку оваа мрежа.

Најбогатиот човек на светот понуди 54,2 долари по акција, што ја одредува цената на 43 милијарди долари за Твитер.

Маск на конференција во Канада изјави дека „не е сигурен“ дека ќе успее и призна дека постои „план Б“, но одби да даде детали.

Подоцна објави дека купил 73,5 милиони акции или 9,2 отсто од акциите на Твитер и со тоа го зголемил својот удел на повеќе од 25 отсто.

Планот на Управниот одбор се активира доколку некој купи 15 или повеќе проценти од акциите на Твитер во трансакции што ова тело не ги одобрило.

Маск рече дека „технички може да си дозволи“ купување на компанијата, но не прецизираше детали за затворање на финансиската конструкција. Сепак, тој рече дека дел од парите ќе мора да ги позајми во вид на акции од неговите компании „Тесла“ и „Спејс екс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП