18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗавршува заедничкото патување на Adventure Macedonia и Мсат – новооткриени природни убавини...

Завршува заедничкото патување на Adventure Macedonia и Мсат – новооткриени природни убавини и одлична телевизија каде и да сте во Македонија

По речиси два месеци викенд авантури низ најживописните предели низ земјава Adventure Macedonia и Мтел ја завршуваат својата Msatавантура. Последниот викенд од неверојатната Мсат Авантура во која што се ужива во убавините на Македонија и одличната телевизија на Мтел, Ана и Мане од Adventure Macedonia ќе го посетат Кожуф. Специјално подготвеното теренско возило на Adventure.mk им овозможи да дојдат до досега недостапни места и да откријат нови природни убавини.

„Последниве два месеци се дружиме со Mtel и mSAT TV и заедно, преку низа на авантури, ги посетивме најубавите локации низ Македонија, откривме многу нови и недопрени места и гледавме телевизија обиколени од прекрасна природа или зајдисонце во позадина! За нас, овие викенди беа вистинско доживување и сме сигурни дека нема да ги заборавиме!“, велат Ана и Мане од AdventureMacedonia. Авантурата тргна од секогаш прекрасното Крушево. А, во изминатите два месеци посетија десетици локации. Дел од нив добро познати, дел од нив ги откривме токму низ ова авантуристичко патување.

Доколку сте во потрага по супер локација за вашата следна авантура, кампинг или само еднодневна прошетка патување на Ане и Мане и Мтел видеата и фотографиите на нивните профили на социјалните мрежи се вистинска инспирација за вашата нова авантура во природа или пак за филмско уживање во удобноста на вашиот дом.

Дополнително, заедничката авантура низ Македонија Adventure Macedonia и Мтел ја завршуваат со подароци за дел од верните следбеници на нивните профили на социјалните мрежи – тројца ќе бидат наградени со ноќевање со појадок и ручек за двајца во прекрасната винарија „Лазар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП