23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеволуција: Mastercard и Nexo воведуваат кредитна картичка базирана на криптовалути

Револуција: Mastercard и Nexo воведуваат кредитна картичка базирана на криптовалути

Компанијата за тргување и кредитирање во криптовалути Nexo, објави дека во средата ја лансирале првата кредитна картичка заснована на криптовалути во светот во соработка со глобалната компанија за картички Mastercard.

Nexo Card првично ќе биде достапна само во неколку европски земји, а ќе функционира како кредитна картичка со дигитални средства како залог за одобрениот заем.

Картичката е поврзана со кредитна линија одобрена од Nexo и се заснова на депонирани криптовалути. Може да се користи кај 92 милиони трговци ширум светот кои прифаќаат плаќања со Mastercard.

Купувачите ќе можат да потрошат до 90 отсто од депонираната криптовалута, објаснува Nexo.

„Картичката не го вклучува минималниот износ на отплата (кредит), месечни надоместоци или надоместоци за неактивност. Нема девизни давачки за суми до 20.000 евра месечно“, велат од Nexo.

Потрошувачката не е ограничена, ниту сумата што може да се повлече од отворената кредитна линија, а каматата се плаќа само на искористениот износ на кредитот. За клиентите со сооднос заеми и депозити од 20 отсто, изнесува 0 отсто.

Повеќето традиционални кредитни картички не се обезбедени со депозит и вклучуваат лимит за трошење, забележува Ројтерс.

„Mastercard признава дека дигиталните средства суштински го менуваат светот на финансиите“, рече Раџ Дамодаран од Mastercard.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП