28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Google“ ќе инвестира 9,5 милијарди долари во американски канцеларии и центри за...

„Google“ ќе инвестира 9,5 милијарди долари во американски канцеларии и центри за податоци

Технолошкиот гигант „Google“ соопшти дека планира да инвестира околу 9,5 милијарди долари во своите канцеларии и центри за податоци во САД во оваа година, од 7 милијарди долари во минатата година.

Компанијата вели дека инвестицијата ќе создаде најмалку 12.000 работни места со полно работно време во 2022-ра година и ќе се фокусира на центрите за податоци во неколку држави, вклучувајќи ги Невада, Небраска и Вирџинија.

Компанијата ќе отвори нова канцеларија во Атланта во оваа година и ќе го прошири својот центар за податоци во округот Стори, Невада.

„Се чини контраинтуитивно да се засилат инвестициите во нашите физички канцеларии додека се движиме кон поголема флексибилност во начинот на кој работиме. Сепак, веруваме дека е поважно од кога било да се инвестира во нашите кампуси“, вели „Google“.

Технолошкиот гигант се обидува да ги врати вработените во некои од своите канцеларии во Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Азија-Пацифик, барајќи работа во канцеларија три дена во неделата. Ова е чекор кон ставање крај на политиките кои им овозможуваат на вработените да работат од далечина поради загриженоста од Ковид-19. „Google“ ќе продолжи да инвестира во канцеларии во нејзината матична држава Калифорнија и да ги поддржува иницијативите за достапно домување во областа како дел од нејзината посветеност од 1 милијарда долари за домување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП