26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„GSK“ го купува производителот на лекови за рак за 1,9 милијарди долари

„GSK“ го купува производителот на лекови за рак за 1,9 милијарди долари

Фармацевтскиот гигант „GlaxoSmithKline“ се согласи да ја купи биотехнолошката компанија „Sierra Oncology“ за 1,9 милијарди долари.

Британскиот производител на лекови се обидува да ја зајакне својата палета на лекови против рак и се подготвува да ја одвои својата единица за здравјето на потрошувачите, пишува „Bloomberg“.

Компанијата ќе плати 55 долари по акција во готовина за калифорниската „Sierra“, производител на насочени терапии за ретки видови рак, соопшти „GSK“ во средата. Тоа е 39% над цената на затворањето на акциите на „Sierra“ во вторникот – 39,52 долари.

Овој потег е дел од напорите на извршната директорка Ема Вомсли да го зајакне фармацевтскиот бизнис додека компанијата се подготвува да го отфрли „Haleon“, производителот на пастите за заби „Panadol“ и „Sensodyne“, во јули. Соочена со притисок од активистичкиот инвеститор „Elliott Investment Management“, компанијата рече дека спин-офот ќе ги зголеми изгледите за двете компании.

Додека „GSK“ се фокусира на профитабилни лекови за рак, ХИВ и други болести, како и вакцини, компанијата се соочува со прашања во врска со нејзините проекти. Иако договорот е охрабрувачки, на компанијата и требаат повеќе чекори за зајакнување на својот опсег на нови лекови во напредна фаза на развој, според „Bloomberg Intelligence“.

Со купувањето на „Sierra“, „GSK“ доби лек против миелофиброза, фатален карцином на коскената срцевина кој влијае на нормалното производство на крвни клетки. Лекот наречен „momelotinib“ покажа ветувачки резултати во една доцна студија претходно во оваа година, според „GSK“.

Акциите на „Sierra“ пораснаа за 38% во претпазарното тргување, додека оние на „GSK“ останаа речиси непроменети во Лондон во средата.

„GSK“ рече дека очекува договорот да започне да придонесува за продажба следната година со значителен потенцијал за раст во иднина. Тоа веројатно ќе влијае на прилагодениот профит во 2024-та година – очекуваната прва цела година на продажба на „momelotinib“. Компанијата ги потврди своите насоки за цела 2022-ра година, како и среднорочните перспективи. „GSK“ го купи производителот на лекови за рак „Tesaro“ за 5,1 милијарди долари во 2018-та година, по што следеше партнерство од 4,2 милијарди долари со германската „Merck“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП