3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ50. ден војна во Украина : Експлозија на бродот Москва, украинците тврдат...

50. ден војна во Украина : Експлозија на бродот Москва, украинците тврдат дека го ракетирале, русите тврдат дека експлодирала муниција

Украина тврди дека нападнала и оштетила руски воен брод во Црното Море.

„Ракетите Нептун кои го чуваат Црното Море му нанесоа многу сериозна штета на рускиот брод. Слава на Украина!“, напиша гувернерот на Одеса Максим Марченко на Телеграма.

Претходно украинските медиуми објавија дека руски крстосувач бил нападнат во Црното Море. Украински извор за Sky News изјавил дека бродот гори и дека на помош му пристигнуваат други руски бродови. Бродот се наоѓа на околу 25 наутички милји од Змискиот остров, јужно од Одеса, рече изворот.

Русија: Не бевме погодени, експлодираше муниција

На рускиот воен брод Москва избил пожар, а потоа дошло до експлозија на залихите на муниција, јавуваат руските медиуми.

Тие наведуваат и дека сите морнари биле претходно евакуирани.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот брод Москва бил „сериозно оштетен“ по експлозија на муниција предизвикана од пожар.

„Бродот е сериозно оштетен. Целиот екипаж е евакуиран. Причината за пожарот се истражува“, соопшти руското министерство.

Украинците пак тврдат дека главниот брод на руската Црноморска флота бил погоден од проектили од типот Нептун.

Кличко: Две третини од бегалците се вратија во Киев

Две третини од жителите на Киев кои го напуштија градот по почетокот на војната со Русија веќе се вратија во градот, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Секој ден се враќаат и покрај препораките. Но, не можеме да забраниме, можеме само да препорачаме, рече тој, а пренесе УНИАН.

Кличко нагласи дека во градот се уште нема јавен превоз, контролните пунктови се на сите страни, а армијата, на чии препораки се потпираат градските власти, предупредува дека се уште постои закана од ракетни напади врз градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП