29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧетири главни предизвикувачи на надуеност

Четири главни предизвикувачи на надуеност

Ви ги претставуваме четирите главни предизвикувачи на надуеност…

Иако варирањето во килограмите кај жените е нормално, понекогаш за надуениот стомак поради кој изгледате подебело од тоа што сте, не се одговорни килограмите туку одредени намирници…

Овошје

Иако овошјето е преполно со здрави состојќи како витамините и минералите сепак и тоа може да биде причинител на надуеност. Причината се крие во количината на фруктоза и глукоза. Затоа, изберете го бобичестото овошје, грејпфрутот и цитрусите, бидејќи тие, за разлика од јаболките, праската и крушата содржат значително помалку од споменатите состојќи.

Замени за шеќер

Сорбитол, ксилитол и манит се вештачки засладувачи кои се наоѓаат во диеталните пијалоци и намирници. Доколку почувствувате надуеност по консумирањето на некоја диетална храна и пијалок, избегнувајте ги овие производи. Наш совет е да користите природни засладувачи како што е стевиата и агава сирупот.

Млеко

Сите знаеме дека млекото во големи количини не е здраво за нашето здравје. Но ако тоа ви предизвикува надуеност, тогаш проблемот е во вашиот организам кој најверојатно не поднесува лактоза.

Скроб

Ако намирниците богати со скроб ви предизвикуваат надуеност не мора да ги исклучите од исхраната туку одберете ги оние кои немаат таков ефект врз вас. Пченицата, јачменот и ‘ржот содржат големи количини фруктан, полимер на фруктозата кој предизвикува надуеност. Затоа во вашата чинија почесто нека се појавува компирот, оризот, пченката и зобот кои содржат значително помала количина на фруктан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП