26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлон Маск го тужат поранешни акционери на „Твитер“

Илон Маск го тужат поранешни акционери на „Твитер“

Поранешни акционери на „Твитер инк.“ поднесоа колективна тужба во која го обвинуваат мегамилијардерот Илон Маск дека профитирал од тоа што не ги известил финансиските регулатори за својот удел во компанијата.

Според „Ројтерс“, акционерите тврдат дека на милијардерот му требало премногу време да го открие својот удел од 9,2 отсто во „Твитер инк.“, поради што го пропуштиле зголемувањето на цената на акциите.

Ова се инвеститори кои ги продадоа своите акции во 11-те дена кога Илон Маск доцнеше да ги извести финансиските регулатори дека стекнал значителен удел во компанијата. Тие тврдат дека пропустот на Маск му заштедил приближно 143 милиони долари, а тие пропуштиле значителен профит кога акциите на „Твитер“ вртоглаво пораснале во светлината на веста.

Маск купи 9,2 отсто од акциите на „Твитер инк.“ на 14 март, со што стана најголем акционер во компанијата.

Откако Маск го обелодени својот удел на 4 април, акциите на „Твитер“ се зголемија за 27 отсто на 49,97 долари, што инвеститорите го сметаа за гласање за доверба од најбогатиот човек на светот.

Американскиот закон за хартии од вредност бара од инвеститорите во рок од 10 дена јавно да објават дека стекнале 5 отсто од една компанија, што во случајот на Маск би било на 24 март.

На 5 април, „Твитер“ објави дека извршниот директор на „Тесла“ ќе се приклучи на Управниот одбор, но тој не го стори тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП