26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAsus ги претстави најтенките и најлесни 15,6 инчни екрани

Asus ги претстави најтенките и најлесни 15,6 инчни екрани

ASUS-MB168

Компанијата „ASUS“ официјално соопшти дека ќе го пушти на пазарот најтенкиот и најлесниот 15,6-инчен LCD екран.

Моделот „MB168 Series“ работи со резолуција од 1920х1080 и 1366х768 пиксели и е опремен со LED позадинско осветлување. Овој екран тежи 800 грама и се со дебелина од 8мм.

Според податоците на производителите потрошувачката на уредите не надминува 5 вати, а кога се во мирување моделите имаат практично нула потрошувачка. Екраните исто така се со корпоративната технологија „EzLink“, која овозможува користење до 5 слични екрани со еден уред.

Овој уред е со дизајн сличен на оној на „ZENBOOK“ лаптопите, а се очекува да бидат пуштени во продажба веројатно на есен, но се уште не е позната цената по која ќе можат да се најдат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП