18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа десетина дена близу 2.700 работодавачи побарале субевниции за исплата на минималец

За десетина дена близу 2.700 работодавачи побарале субевниции за исплата на минималец

Остануваат уште три дена за на сметките на работниците да легнат априлските плати во кои се пресметува и новата висина на минималната плата. Заинтересираните работодавачи можат да аплицираат за користење на субвенции од страна на државата во висина од 1,197 денари за покривање на разликата од придонесите.

Речиси три илјади работодавачи досега побарале финансиска помош за исплата на минимална плата за шест илјади вработени. Субвенциите за придонесите ќе бидат исплатени по исплата на месецот во кој се обезбедува финансиска помош, преку Министерството за труд и социјална политика.  

„До 11.04.2022 година, 2.692 компании во месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН) што ја поднесуваат до Управата за јавни приходи, побарале финансиска помош за исплата на минимална плата за 6,029 вработени. Вкупната финансиска помош за овој број на вработени изнесува 6.073,758 денари“, велат од Управата за јавни приходи.

Управа за јавни приходи информира дека дел од работодавачите кои користеле помош од државата ќе мора да ја зголемат минималната плата без да земат субвенции за придонесите како работодавачите кои користиле субвенционирање на придонеси согласно Законот за субвенционирање или пак обврзник кој користи субвенција од Оперативниот план за вработување. По користење на оваа финансиска помош за исплата на придонесите за минимална плата работодавачите имаат и обврски кои не смеат да ги прекршат.

„Работодавачот кој ќе добие финансиска помош е должен да го задржи на работа работникот за кој добива финансиска помош најмалку една година по завршување на помошта. Во спротивно работодавачот е должен да го врати износот на добиената помош, во рок од 30 дена од денот на одјавување на работникот за кој добивал финансиска помош, освен во случај на остварување на право на пензија, претстанок на работниот однос по вина или волја на работникот или смрт на работникот„, велат од Управата за јавни приходи

Според анализите на влстите месецов на околу 80 илјади вработени минималната плата ќе им биде зголемена на 18 илјади денари. Државата во следните десет месеци ќе ги субвенционира придонесите за пензиско, инвалитско и здравствено осигурување во висина од 1,197 денари.

Ова барање беше предложено од страна на стопанството на преговорите меѓу синдикатите и владините претставници како непходна помош за зголемување на минималецот.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП