Процентот на граѓани кои го селектираат отпадот расте од година в година, што значи дека расте и еколошката свест кај граѓаните! Недостасуваат уште посебни контејнери, и нови алтернативни начини за селектција на отпадот. Според Пакомак: Треба да има доволно контејнери за селекција на отпадот на улиците, или барем по еден сет од зелен, син и жолт контејнер на 1000 жители, за сите што сакаат да селектираат отпад и рециклираат, да имаат можност тоа да го прават во близина на своите домови или на работа. Потребни се и повеќе алтернативни и иновативни можности за одлагање на отпадот. Една од нив секако се повратните Вендинг машини.
Нашите планови предвидуваат поставување над 400 повратни машини низ земјава, во кои граѓаните ќе може да ги рециклираат нивните пластични шишиња и лименки и за тоа да добиваат “зелени” поени. Веќе работиме на подобрување на постојните повратни машини и креирање модел кој ќе ги рециклира шишињата и лименките побрзо, но и ќе ги процесира трансакциите кон граѓаните многу поточно и навремено.


