18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоранешниот советник на Путин: Целосно ембарго на руските енергенси може да стави...

Поранешниот советник на Путин: Целосно ембарго на руските енергенси може да стави крај на војната

Поранешниот економски советник на претседателот на Русија, Андреј Иларионов изјави дека „целосното ембарго“ на Западот за руските енргенси може да стави крај на војната во Украина.

Имено, д-р Иларионов истакна дека Русија „не ги сфаќа сериозно“ заканите од другите земји дека ќе го намали користењето на руските енргенси.

„Би се обложил дека за месец или два веројатно ќе биде прекината руската воена операција во Украина“, рече тој.

„Тоа е еден од поефикасните инструменти што сè уште го имаат западните земји“, додаде Иларионов.

И покрај обидите на Европа да ја намали зависноста од руските енергенси, таа продолжува да купува нафта и гас од Русија, пишува Би-Би-Си.

Според минатогодишните податоци, нафтата и гасот сочинуваат 36 отсто од приходите на руската влада, а поголемиот дел е од Европската унија, која увезува 40 отсто од резервите на гас и 27 отсто од нафтата од Русија.

Високиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, оваа недела изјави дека Европа му плаќа на Путин секој ден по милијарда евра за испорачани енергенси, потсетува Би-Би-Си.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП