„Газпром“ вообичаено продолжува да испорачува руски гас во Европа преку украинска територија, изјави денеска портпаролот на руската компанија Сергеј Купријанов.
„Газпром нормално испорачува руски гас преку украинска територија, во согласност со барањата на европските потрошувачи, односно 79,6 милиони кубни метри“, изјави Купријанов за новинарите.

