1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ46. ден војна во Украина: Руската војска се обидува да го освои...

46. ден војна во Украина: Руската војска се обидува да го освои центарот на Мариупол

Четириесет и шести ден од војната во Украина. Руските војници се обидуваат да ја пробијат одбраната на украинската армија во близина на градот Изум и да воспостават контрола над Мариупол, соопшти украинскиот Генералштаб. Курск бил погоден со минофрлачи од Украина, соопшти гувернерот на тој руски регион.

Во борби кај Изум, Русите се обидуваат да го заземат центарот на Мариупол

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските војници се обидуваат да ја пробијат одбраната на украинската армија во близина на градот Изум и да воспостават контрола над Мариупол.

Руските сили се обидуваат да ја подобрат тактичката позиција на своите единици и во насока на Николаев, соопшти Генералштабот.

Тие известуваат и дека руската армија продолжува делумно да го блокира Харков, гранатирајќи го градот со ракетни и топовски артилериски системи и минофрлачи.

Украински минофрлачи го погодија Курск во саботата

Регионалниот гувернер Роман Старовоит на Телеграм објави дека граничниот премин во рускиот регион Курск е под минофрлачки напад од Украина, но дека нема жртви или разурнувања.

„Вечерва со минофрлачи од Украина беше гранатиран граничниот премин кај Јелизавјетовка во областа Голушково. Нема повредени, нема уништување. Местото каде што беше извршен нападот беше погодено со возвратен оган, отворен од граничарите на руските вооружени сили“, рече Старовојт, пренесува Тас.

Регионот Курск се граничи со регионот Суми во Украина, зафаќа 850 квадратни километри и има население од 17.900 жители.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера пристигна во Киев, каде се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кому му вети нов пакет финансиска и воена помош.

Повеќе од 700.000 луѓе се евакуирани во Русија

Повеќе од 700.000 луѓе се евакуирани од Донбас и опасните региони на Украина во Русија од почетокот на специјалната воена операција, соопшти руското Министерство за одбрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП