Првата целосно приватна вселенска мисија, составена од тројца бизнисмени и поранешен астронаут кои ја напуштија Земјата со ракетата на SpaceX, пристигна денеска на Меѓународната вселенска станица (ISS), каде што ќе останат нешто повеќе од една недела.
Целиот екипаж, вклучувајќи го и командантот на мисијата Ax-1, Американец со шпанско потекло Мајкл Лопез-Алегрија, Канаѓанецот Марк Пети, Американецот Лери Конор и Израелецот Ејтан Стибе излегуваа еден по еден од капсулите со насмевки и кренати палци. Тие беа пречекани со прегратки од членовите на екипажот на ISS и блицови од камерите.

