Руското Министерство за одбрана неодамна објави дека ќе ги пренасочи борбените активности во Украина на истокот од таа земја, а таа промена на фокусот е јасно видлива кога ќе ги погледнете новите мапи на движењето на руските сили.
Оваа недела британското Министерство за одбрана објави нова мапа на руските напади во Украина, на која се гледа дека практично е ослободен целиот север, но и регионот на Чернобил. Битките на север сѐ уште се водат само во две области околу границата со Белорусија.

