1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ44. ден војна во Украина: 52 цивили убиени во Краматорск; Украина добива...

44. ден војна во Украина: 52 цивили убиени во Краматорск; Украина добива С-300; Русија ја менува воената команда

Војната во Украина влезе во својот 44-ти ден. Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Најмалку 50 лица, меѓу кои пет деца, загинаа вчера во напад на железничка станица во Краматорск, во источна Украина.

Руското Министерство за одбрана негираше дека руските сили се одговорни за ракетниот напад врз Краматорск. Штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) соопшти дека нападот го извршиле украински војници со ракетите „Точка-У“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше во Киев со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека Русија претрпе значителни загуби во Украина, во која нејзините војници влегоа на 24 февруари.

Украина продолжува да се вооружува

Според Ројтерс, Чешка испратила тенкови, ракетни гранати (MLRS), хаубици и пешадиски борбени возила (BMP) во Украина како дел од воените резерви. Тие вредат стотици милиони долари.

Москва регрутира повеќе од 60.000 луѓе

Официјален претставник на американската одбрана рече дека борбената моќ на Русија во Украина продолжува да опаѓа и била некаде помеѓу 80% и 85% од нивото пред инвазијата.

Соединетите Американски Држави проценуваат дека Русија собрала повеќе од 150.000 војници околу Украина пред нејзината инвазија на 24 февруари.

Официјалниот претставник рече дека САД сега имаат индиции дека Москва почнала да мобилизира некои резервисти и дека може да побара да регрутира повеќе од 60.000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП