4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата Инфинити со иницијатива за зачувување на здравјето на планетата

Групацијата Инфинити со иницијатива за зачувување на здравјето на планетата

„Наша планета, наше здравје“ беше мотото на овогодинешниот Светски ден на здравјето, што е воедно и повик за нас да придонесеме кон зачувувањето на земјата и нејзините жители со нашите деловни решенија, велат од Infinity International Group, чиишто членки како домашни лидери во областите енергетика и информатички технологии успешно држат чекор со „зелените“ индустрии.  

Транзицијата во енергетскиот сектор која покрај промената на извори на енергија подразбира и промени во начинот на нејзината употреба, е голем предизвик со којшто се соочуваме, пред сѐ заради опстанокот на планетата на којашто живееме.

„Податокот дека сообраќајот во урбаните зони во Европа е одговорен за 23 отсто од емисијата на штетни гасови, како и фактот дека веќе ја надминуваме границата на загадување на воздухот, доволно зборуваат за значењето на електромобилноста“, вели Никола Каран, директор на компанијата EP Mobile, членка на групацијата Infinity. Токму затоа, транзицијата во транспортниот сектор како едно од клучните подрачја на коешто мора да се дејствува, е важен елемент на електрификацијата.  

„За да се постигне максимално прифаќање и користење на електричните возила и намалување на емисијата на јаглерод диоксид, инфраструктурата за полнење и одржување на овие возила мора да стане достапна низ Европа. Ние ги забележавме овие трендови и затоа константно ја шириме мрежата на полначи во Република Српска и БиХ. Прашањето за вложување во одржливи видови на транспорт и зачувување на животната средина, а со тоа и здравјето на граѓаните е приоритетно за целата наша планета, затоа нашата цел не е само развивање и воспоставување на инфраструктура, туку и грижа за оваа електрична енергија да се испорачува од обновливи извори“, вели Каран. 

„Еден од овие обновливи извори секако е сончевата енергија, чист и зелен извор кој не ослободува никакви гасови. Соларните панели ја зголемуваат ефикасноста на електричната енергија којашто на овој начин станува домашна“, велат од Infinity Energy ITSS во Скопје, членови на групацијата.

„Следејќи ги овие трендови, нашата групација има стручни тимови кои работат во областите на соларни електрани и нудат консултантско управување со проектите во секој сегмент од работењето, од инфраструктура и проектирање до изградба и одржување. Голем број на сертифицирани инженери гарантираат дека со нашиот кадар и квалитет можеме да направиме сѐ што ќе посака клиентот, а кога ова ќе го споиме со информатичките технологии, она што некогаш изгледаше недостижно сега станува можно и лесно достапно“, објаснуваат од компанијата.

„Информатичките технологии се неизоставен дел од „зелената“ индустрија и во чекор го следат развојот на современите електрани без коишто нема ниту одржлива енергија“, вели Горан Старчевиќ, раководител на секторот за автоматизација во компанијата Prointer ITSS, членка на групацијата. Како што растат побарувањата за производство на таква енергија, така се развива и ИТ структурата, бидејќи една без друга не можат.
„Производството на енергија од обновливи извори како што е соларната, ветерната и биомасата, е сѐ повеќе застапено, а со него и автоматизацијата на производствените процеси. Ова всушност значи дека ваквиот вид на производство користи уреди кои автоматски се програмираат и ја оптимизираат работата на постројките, односно инфраструктурата којашто служи за пренос на податоци на далечина, за управување со електраните и процесите. Од овој аспект велиме дека овие две индустрии станаа неразделни и затоа нашите ИТ решенија ги следат современите текови и се важен дел од борбата за зачувување на планетата“, вели Старчевиќ.     

За тоа колку е планетата загрозена сведочи податокот дека секој вработен во светот годишно уништува по едно мало стебло, како резултат на прекумерната употреба на хартија. Статистиката вели дека секој од нив пишува барем шест непотребни страници дневно, или околу 1.400 непотребни страници годишно, велат од компанијата ADS Infinity, којашто е лидер во Босна и Херцеговина во областа на дигитално архивирање. Во прилог на ова е и податокот дека производството на хартија денес е трет индустриски процес по процент на загадување на воздухот, водата и земјата. Само за пример, површината на Кина била 90 проценти покриена со шума, а денес тоа е сведено на само 5 проценти.

„Хартијата не ги троши само природните ресурси, туку и времето и паричните средства на работодавачите. Факт е дека големиот број на документи создава проблеми во работењето со спора администрација, лоша комуникација помеѓу вработените и губење на документи коишто патуваат низ компанијата. Најдобар начин за намалување на количината на хартија и забрзување на деловните процеси е користењето на електронски системи за управување со документи. Токму во тој правец одеа нашите деловни решенија и затоа денес сме лидери во дигиталното архивирање и микрофилмирање“, вели Жељко Стојниќ, директор на ADS Infinity.    

Животната средина не познава граници и држави, затоа обврската е на сите нас, особено на водечките компании, да работиме во интерес на планетата и идните генерации, истакнуваат од групацијата Infinity. Токму затоа преку кампањата „Месец на здравјето“ тие ќе посветат посебно внимание на здравјето на вработените и ќе дејствуваат во правец на зачувување на животната средина со различни акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП