24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените во Твитер стравуваат дека Илон Маск ќе ја уништи културата на...

Вработените во Твитер стравуваат дека Илон Маск ќе ја уништи културата на компанијата

Твитер е главната тема на дискусија во технолошката индустрија оваа недела, откако беше објавено дека Илон Маск стана нејзин најголем акционер и дека тој се приклучил на одборот на директори на компанијата. Со доаѓањето на шефот на Тесла, на оваа социјална мрежа беше најавена голема новина, а тоа е воведувањето на опцијата за уредување на објави, која корисниците ја бараат со години.

Но, додека Маск веќе најави „значителни подобрувања“ на Твитер, што предизвика голем интерес кај корисниците на оваа мрежа, некои вработени во компанијата не се премногу ентузијасти за новиот член на одборот. Имено, на внатрешната комуникациска мрежа на компанијата многумина изразија загриженост за доаѓањето на Маск бидејќи сметаат дека тоа може да им ги усложни секојдневните деловни обврски, но и дека може да и наштети на културата на компанијата.

Овие пораки стигнале и до извршниот директор на компанијата Парага Агравала, кој поради тоа најавил дека со Маск ќе организира собир на вработените, при што ќе одговара на сите прашања од засегнатите работници. Агравал верува дека, по разговорот со Маск, тензиите меѓу вработените ќе се намалат и дека новиот член на одборот ќе ги увери дека немаат причина да се грижат за насоката во која се движи Твитер.

Вработените, меѓу другото, не се многу ентузијасти за критиките упатени кон компанијата од страна на Илон Маск, кој е еден од најпопуларните корисници на мрежата. Минатиот месец тој напиша дека Твитер не ги поддржува принципите на слободата на говорот и дека ја поткопува демократијата, додека претходно преку таа мрежа го предизвика Владимир Путин на дуел. Исто така, поради твитовите за обезбедување средства за повторно да ја направи Тесла приватна компанија, тој и Тесла беа казнети со вкупно 40 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП