26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБезос ја освојува вселената: Во следните 5 години ќе испрати 83 ракети...

Безос ја освојува вселената: Во следните 5 години ќе испрати 83 ракети во вселената со повеќе од 3.200 сателити

Како што SpaceX на Маск го развива Starlink, сателитска интернет услуга која треба да им обезбеди на сите луѓе на планетата пристап до брз интернет, така и Amazon на Безос развива слична услуга како дел од својот проект Kuiper. Амазон касни позади Маск и досега не испрати ниту еден од планираните 3.236 сателити во орбитата, но оваа недела направија голем чекор кон тоа.

За следните пет години, компанијата обезбеди дури 83 лансирања на своите сателити во орбитата преку ракети од три компании. Една од тие компании, не е тешко да се погоди, е ‘Blue Origin, додека другите две компании кои ќе лансираат сателити се За следните пет години, компанијата обезбеди дури 83 лансирања на своите сателити во орбитата преку ракети од три компании. Една од тие компании, не е тешко да се погоди, е ‘Blue Origin, додека другите две компании се Arianespace и United Launch Alliance кои ќе лансираат сателити.

Пред првите мисии за испраќање на сателитите во вселената, Амазон планира и две пробни мисии планирани за вториот дел од оваа година. Во овие мисии нема да се користат ракетите на споменатите компании, туку ракетата ABL Space Systems, бидејќи во моментов ниту една од ракетите со кои сателитите на Амазон треба да летаат во вселената не е завршена и се уште се работи на нивниот развој.

Видовме колку е корисен овој облик на сателитски интернет во текот на изминатиот месец и половина во Украина, каде Маск испрати терминали за пристап до интернетот на Starlink. Но, таквиот сателитски интернет има и голем број критичари, пред се астрономи кои се жалат дека светлината што се рефлектира од сателитот им го уништува погледот на ноќното небо и набљудувањето на вселенските тела. SpaceX на Маск досега испрати околу 2.300 сателити кои орбитираат околу Земјата, а неговиот долгорочен план е да испрати дури 30.000 сателити во вселената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП