8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа пет години државата треба да врати 2,5 милијарди евра само по...

За пет години државата треба да врати 2,5 милијарди евра само по основ на еврообврзници

Четири отплатени, уште четири еврообврзници за плаќање. Државата во следните пет години ќе треба да врати долг од 2,5 милијарди евра по основ на издадени еврообврзници од претходните години.

Земјава треба да ги исплати осумте досега издадени еврообврзници до крајот на 2027 година согласно роковите на нивното доспевање. Во последните 17 години, односно од првата изадена еврообврзница во 2005 година земјава вратила една милијарда евра од вкупно позајмени 3,5 милијади евра.

„Во 2013 година се отплатени 175 милиони евра од втората еврообврзница, во 2015 година се отплатени 150 милиони евра од првата еврообврзница, во 2018 година се отплатени 92 милиони евра од четвртата еврообврзница, во 2020 178 милиони евра од четвртата еврообврзница, и во 2021 се отплатени 500 милиони евра од третата еврообврзница„, велат од Министерство за финансии.

Во последните две години земјава ги издаде највисоките еврообрзници во висина од 1,4 милијарда евра. Двете еврообврзници од 700 милиони евра беа издадени лани и во 2020 година кои се искористија за справување со панедемијата но и за исплата на доспеани долгови. Најавите на властите се дека и оваа година земјава ќе треба да се задолжи за нови 600 милиони евра со цел покривање на буџетската дупка.

„Во однос на еврообврзницата веќе се прават сите подготовки како и претходната година да се согледат најповолниот период за да можеме евентуално да се задолжиме“, Министерство за финансии.

Ланската еврообврзница во висина од 700 милиони евра е со најниска каматна стапка од 1,6 проценти. Оваа година властите највија и можно издавање на проектни, развојни и зелени обврзници за реализација на капитални проекти. Според најавите на надлежните, проектната обврзница ќе биде наменета за изградба на Коридор-8, а со зелената обврзница ќе се инвестира во обновливи извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП