19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза: Банкарскиот сектор повторно на врвот на табелата по профитабилност

Македонска берза: Банкарскиот сектор повторно на врвот на табелата по профитабилност

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-31.12.2021 година.

Од вкупно 94 компании, 73 завршиле со добивка, 18 компании завршиле со загуба за 2021 година.

По профитабилност, повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 2.465.956.000 денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 2.328.320.000 денари и на третото место е НЛБ Банка АД Скопје со добивка од 2.219.107.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски Телеком АД Скопје(1.591.293.000), Макпетрол АД Скопје(1.409.843.000), Алкалоид АД Скопје(1.304.988.000), Цементарница УСЈЕ(1.172.379.000), Мермерен комбинат(911.863.000), Макстил АД Скопје(849.387.000), Либерти АД Скопје(780.613.128) и Окта АД Битола(378.191.543).

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП