8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRed Bull Racing на вработените им подели 10 милиони евра

Red Bull Racing на вработените им подели 10 милиони евра

Откако германецот Себастијан Фетел ја одбрани својата светска титула шампион во Формула 1, раководството на „Red Bull Racing“ ги награди своите вработени со парични бонуси од 12.000 до 50.000 евра, за што одвои околу 10 милиони евра.

Награда доби секој од вработените, вкупно 550 вработени, во седиштето на „Red Bull Racing“ во Милтон Кејнс, Англија. Чистачките и персоналот на рецепција ќе добијат по 12.000 евра, додека бонусите за инженери се околу 50.000 евра.

„Премиите се дефинирани со договорите и на нив има право секој од нашите вработени. Како и минатата година, така и оваа, секој си го добива својот дел“, потврди еден од лидерите на компанијата Хелмут Марко.

Колкава награда ќе добие трикратниот светски шампион Фетел се уште не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП