30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВрие во јавниот сектор: Вработени добија стар минималец, а за скалесто зголемување...

Врие во јавниот сектор: Вработени добија стар минималец, а за скалесто зголемување на останатите плати нема ни збор!

Синдикатите повеќе не веруваат на зборовите на власта. Или повисоки плати, или штрајкови и протести. Во периодот што следи се поизвесно е дека на улица ќе излезат административните и судските службеници, поштарите, негувателките, наставниците и многу незадоволни граѓани кои се дел од државните институции кои и покрај законскиот основ за раст на нивната плата, голем дел од нив иако усвоена не ја добија месецов ниту загарантираната минимална плата од 18 илјади денари.

Со порастот на минималната плата на 18.000 денари по предлог на ССМ, сега според Закoнот за минимална плата треба да се усогласат сите плати на вработените. Од синдикатот велат, сега на ред се гранските синдикати кои бараат тоа зголемување да се спроведе, а од Сојузот на синдикатите на Македонија потврдуваат дека им даваат безрезервна поддршка за спроведување на оваа законска обврска. Според законот, работодавачите се должни тоа усогласување да го спроведат во рок од шест месеци. И тоа се одолговлекува иако работниците сме во тешка состојба бидејќи веќе има голема инфлација, и цените на производите вртоглаво растат, вели Дарко Димовски предводник на синдикалното движење во земјава.

„Ние бараме да не се тактизира од страна на Владата и работодавачите за да го задржиме работникот во Македонија, а не истиот својата иднина да ја бара во други држави и да гради туѓи економии. Во континуитет се разговара меѓу социјалните партнери и заклучокот на ССМ е предлогот да се покачи платата линеарно, односно ако на минималната плата има покачување од 2.800 денари тогаш на сите работници да им се покачи платата за најмалку 2.800 денари“, вели за Денар Дарко Димовски, претседател на Сојуз на синдикати на Македонија.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека обезбедиле целосна поддршка на Синдикалните организации на АД „Пошта на Македонија“ кои во ССМ донесоа одлука за започнување на генерален штрајк во АД Пошта, а причините за започнување на генерален штрајк се однесуваат на загриженоста кај над 2200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, незадоволството од нереализирање на барањето на линерно покачување на нето платите на вработените во висина од 3.000 денари кои не се покачени повеќе од 30 години.

Синдикатот УПОЗ пак до Собранието достави Амандман за сите вработени од Категориите В, Б и А линеарно да добијат усогласување од 2.800 денари, а во категоријата Г се додаваат дополнителни бодови со кои оваа група административни службеници, а согласно нивната работна одговорност дополнително ќе се одвојат од минималната плата кој за жал не е прифатен, а недостасува и социјалниот дијалог со надлежните министерства за зголемување на платите на вработените во управата и правосудство, додаваат од синдикатот.

Поради немањето на слух од надлежните Синдикатот на УПОЗ при ССМ донесе Одлука за одржување на протести во управата и правосудството со кој ќе се искаже незадоволството поради не усогласувањето на сите плати со порастот на минималната плата, а протестите ќе се одржат на 07.04 четврток и 08.04.2022 година петок во времетарење од два часа односно од 10:00 до 12:00 часот пред секоја институција. Од Синдикатот УПОЗ тврдат дека 95 отсто од судските службеници не ја добиле зголемената минимална плата поради неусогласување, останатите или не добиле плата или пак имаат грешки во сумата.

Прогресивниот синдикат на образование – ПСО при ССМ исто така работи активно на терен за подoбрување на стандардот на просветните работници. Од овој синдикат велат дека политиката не им е блиска ниту им е приоритет во работењето, и додаваат дека образованието е на многу ниски гранки.

„Прогресивниот синдикат на образование е и секогаш ќе биде на страната на работниците во образованието. Донесувањето на законот за минимална плата кој го изготви и предложи ССМ во чиј состав е и ПСО гарантира најниска плата и скалесто зголемување на останатите плати на просветните работници. ПСО при ССМ застанува заедно со просветните работници за правото на вработените во образованието да се борат за своите права без разлика кој организира протест или штрајк.“ вели Димовски.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП