29 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТвитер потврди дека воведува опција за менување на објавите

Твитер потврди дека воведува опција за менување на објавите

Твитер потврди дека работи на создавање опција за уредување, која ќе им овозможи на корисниците да ги менуваат твитовите откако ќе бидат објавени.

Ова дојде откако новиот член на управниот одбор, шефот на „Тесла“, Илон Маск, преку анкета на Твитер ги праша своите следбеници дали ја сакаат функцијата.

Многу корисници веќе долго време бараат опција за уредување, но има сомнежи како да го направат тоа.

Твитер најави дека ќе започне со тестирање на оваа идеја во наредните месеци.

Тимот за комуникација на компанијата твитна: „Кога сите се прашуваат… да, работиме на функцијата за уредување од минатата година!“

„Не, не ја добивме идејата од анкетата“, додадоа тие.

„Започнуваме со тестирање во TwitterBlue Labs во наредните месеци за да дознаеме што функционира, а што не, и што може да се изведе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП