4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ42. ден војна во Украина: Борби за Мариупол, се спремаат нови санкции...

42. ден војна во Украина: Борби за Мариупол, се спремаат нови санкции за Русија

Во тек е 42-от ден од специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина. САД денеска ќе објават нови санкции против Русија, кои ќе ги воведат во координација со членките на Г7 и ЕУ.

„Украинските сили во Мариупол беа повикани да го положат оружјето, а руската страна предложи денеска во тој град да се спроведе специјална хуманитарна операција“, изјави шефот на Националниот центар за одбранбена контрола на Русија, генерал полковник Михаил Мизинцев.

Мизинцев истакна дека „украинските војници, националисти и странски платеници кои се етаблирале во Мариупол биле повикани да го положат оружјето и нивните животи ќе бидат поштедени“, пренесува Спутник. Во таа смисла, како што наведе, руската страна предложила спроведување на специјална хуманитарна операција за утре.

Министерството за одбрана на Велика Британија наведува дека продолжиле тешките борби и руските воздушни напади во Мариупол, на југоистокот на Украина. Според последните информации, во градот остануваат околу 160.000 жители – повеќето без струја, комуникации, лекови, парно или вода.

Во руските медиуми се појавија непотврдени информации дека офицери на НАТО од Франција, Германија, Велика Британија и неутрална Шведска се заглавени во Мариупол. Тие наводно се обидуваат да преговараат за коридор за евакуација со руските сили, но тоа не е официјално потврдено ниту од руските сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП