9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААнонимуси им порачаа на Путин и неговата екипа: Доаѓаме по вас. Очекувајте...

Анонимуси им порачаа на Путин и неговата екипа: Доаѓаме по вас. Очекувајте не!(ВИДЕО)

Хакерскиот колектив Анонимус објави видео порака наменета за рускиот претседател Владимир Путин и неговите „кремлински кукли“.

Во видеото објавено на каналот на YouTube на Анонимуси, тие наведуваат дека се „вратија“ затоа што се „потребни“.

Луѓето веќе нема мирно да гледаат како им ги одземате правата, парите и животите. Нема да дозволиме повеќе да ја уништувате нашата планета, нема да прифатиме да ни ја труете водата, храната и воздухот што го дишеме. Чекавме да се сменат работите, но дојдовме до заклучок дека со сегашниот систем, промени нема да дојдат, се вели во видеото кое трае околу две минути.

Сега е време да се уништи и замени сегашниот систем. Нема да не спречите, колку и да давате отпор. Вашиот монолитички контролен систем ќе биде уништен дел по дел. Гледаме преку вашата пропаганда и лаги. Луѓето на оваа Земја повеќе нема да бидат уништувани за лична корист на неколкумина, се заканија Анонимуси.

Додаваат дека „акцијата е веќе започната“ и дека секојдневно допира до се повеќе луѓе.

Секоја секунда стануваме посилни и добиваме се поголема поддршка. Ја инициравме најголемата промена што оваа планета ја доживеала. И нема да застанеме додека не ги исполниме нашите цели. Ништо нема да не спречи. Дури ни смртта, посочуваат Анонимуси и додаваат дека луѓето ќе ја вратат моќта која им била одземена.

Додаваат дека нема да попуштат пред илузијата на моќ.

Запомнете, ова не е закана, ова е ветување. Не простуваме, не забораваме. Доаѓаме по тебе. Очекувајте не!, се последните зборови во пораката.

Да потсетиме, откако започна руската инвазија на Украина, Анонимуси јасно се позиционираа на украинската сила и во серија сајбер напади се фокусираа на руската инфраструктура, медиумите и наводно упаднале во руската централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП