26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Evergrande“ продолжи со работа на 95% од своите проекти

„Evergrande“ продолжи со работа на 95% од своите проекти

Градежните работи продолжија на 95 отсто од проектите на проблематичниот кинески инвеститор „China Evergrande Group“, објави една од единиците на компанијата, цитирана од „Reuters“.

„Evergrande“ продолжи со работа на 734 проекти низ Кина од 27-ми март, вклучително и 424 проекти во кои активностите се со вообичаениот обем и темпо, се вели во објавата на официјалниот канал „WeChat“ на компанијата „Pearl River Delta“.

„Evergrande“ е најзадолжениот светски претприемач со недвижнини, со повеќе од 300 милијарди долари долг. Компанијата има потешкотии при плаќањето на обврзниците, банките, добавувачите, како и навреме да им ги издава домовите на купувачите.

Ситуацијата во која се најде „Evergrande“ ја олицетворува надуената индустрија за недвижнини која страда од кампањата за намалување на долгот на кинеската влада.

„„Evergrande“ ќе продолжи да ја одржува нормалната изградба на проектите за да ги изгради зградите на сопствениците со гарантиран квалитет и квантитет по секоја цена“, се вели во изданието.

Претседателот на компанијата Хуи Ка Јанг неколку пати вети дека градежните работи ќе продолжат со полна пареа.

Хуи им кажа на вработените во февруари дека компанијата има за цел да предаде 600.000 станови во 2022-ра година, според извор од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП