20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавни пари земаа, плати не исплаќаа и засега никој не одоговара за...

Државни пари земаа, плати не исплаќаа и засега никој не одоговара за злоупотреба

Ниту една фирма не одговaра за злоупотреба на државна помош. Иако Владата во 2020 и 2021 година поддржа фирми погодени од ковид кризата со исплата на 14.500 денари по вработен, дел од фирмите не им исплатија плата на вработените во законскиот рок.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупиција сè уште е во предистрага за фирмите кои добија државна помош за исплата на плати на вработените, но тоа не го направија во дадениот рок. Обвинителството претходниот месец добило одговори од Управата за јавни приходи кои ги барало. Тој одговор бил клучен за целосно расчистување на наводите кои ги наведе Генералниот секетераијат на Владата од каде се побара расчистување на случајот за фирмите што ја злоупотребија државната помош.

„ Управата за јавни приходи ги достави одговорите што предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги побара заради целосно расчистување на наводите содржани во трите Барања од Генералниот секретаријат на Владата на РСМ​ за спроведување на истрага и поведување на постапка за компаниите што ја злоупотребиле државната помош. По анализа на доставениот материјал предметниот обвинител ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.
Со оглед на тајноста на предистражната постапка, обвинителството не е во можност да сподели детали“, велат за Денар од Обвинителството.

Оваа мерка беше дел од речиси сите пакети на антикризни мерки почнувајки од април, мај и јуни 2020 година каде компаниите добија помош за исплата на плати. Мерката продолжи и во месеците октомвриноември и декември истата година, и на почетокот на 2021. Речиси во секој месец имаше работодавачи кои и покрај земената помош од државата истата не стигна до сметките на вработените. Оваа мерка беше најискористената мерка од страна на стопнаството од сите достапни антикиризни мерки за панедемијата. Податоците на Управата за јавни приходи се дека речиси 50 илјади работодавачи добиле помош од државата за исплата на плата.

„За месеците април, мај и јуни 2020 година мерката ја искористиле 22.196 работодавачи, за исплата на плати за 143.651 лица. За периодот октомври, ноември и декември 2020 година за мерката аплицирале 14.651 работодавач за 75.823 лица. И во 2021 година за месеците февруари и март аплицирале 12,651 работодавач за исплата на плати на 59.205 лица.„, велат од Управа за јавни приходи.

Списокот на компании кои злоупотребија државна помош од ОЈО за сите месеци ги испраќаше Генералниот секретаријат на Владата. Официјална бројка за колкав број на работодавачи се бара, одговорност нема. Поради неисплатените плати на вработените, УЈП спроведуваше присилна наплата но и изрекуваше казни од 500 до 10 илјади евра во зависност од големината компанијата.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП