24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААко запре гасот, запира и Германија: „Штом машините ќе се оладат, готови...

Ако запре гасот, запира и Германија: „Штом машините ќе се оладат, готови се“

Германската економија е во состојба на тревога, иако се уште не е јасно дали одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да продава гас само за рубли е празна закана.

Дури и краткорочните прекини во снабдувањето со руски енергенси може да бидат катастрофални. Германските бизнисмени се сериозно загрижени дека земјата може да западне во длабока криза доколку Москва го прекине снабдувањето или ако Западот воведе ембарго за увоз на руски енергенси.

Шефот на хемиската компанија БАСФ, Мартин Брудермилер, предупреди на невидена штета на економијата во случај на прекин на увозот или продолжен прекин на снабдувањето со руски гас и нафта.

„Ова може да биде најлошата криза за германската економија од крајот на Втората светска војна“, рече Брудермилер.

На последиците предупредува и експертот за градежништво и енергија Ламија Месари-Беркер, советник на германската влада.

„Затворањето на основната индустрија може да предизвика незапирлив домино ефект и штетата тешко може да се поправи“, рече Месари-Бекер за ДПА.

Шефот на компанијата „Сименс енерџи“, Кристијан Бруч за весникот „Ханделсблат“ изјави дека краткорочниот бојкот на руските енергетски извори ќе има негативни последици за Германија, поголеми од ефектот врз Русија.

За некои сектори, како што рече, од витално значење е снабдувањето со гас. „Само земете ја индустријата за стакло. Откако машините ќе се оладат, тие се готови“, рече Бруч.

Германското Министерство за економија во средата објави рано предупредување за вонредна состојба со гас, што е прв од трите вонредни степени. Раното предупредување е мерка на претпазливост и Владата апелираше до потрошувачите и бизнисите да штедат гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП