1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКупувате половни гуми, но дали е тоа добра идеа?

Купувате половни гуми, но дали е тоа добра идеа?

gumi polovni

Поради се потешката материјална состојба во земјата поголемиот број на возачи се принудени да ги намалуваат трошоците кои ги имаат околу своите автомобили. Еден од начините кои се применува во последно време е купувањето на половни гуми. Проблемот е во тоа што кога ќе купите половни гуми со тоа не заштедувате, туку може да биде и многу опасно.

Проблемот е во тоа што половните гуми со себе носат ризик за безбедноста, не само за возачот кој ги има на автомобилот, туку и за другите учесници во сообраќајот.

Најголем извозник на половни гуми во Европа е Германија. Причината за тоа е што германците многу сериозно го сваќаат прашањето за безбедност при возењето и ретко кој користи гуми до длабочина на шарата помала од 3-4 милиметри, но поголемиот дел од овие гуми, наместо да заврши на отпадот се препродаваат ширум Европа.

Тоа што при купувањето на половните гуми возачите го забораваат е фактот дека ваквите гуми можат да имаат сериозни структурни оштетувања кои не се видлви со голо око. Исто така треба да се земе во предвид и работниот век на пневматиците.

Поради наведеното, кога купувате половни гуми може да ви се случи да купите гуми кои се при крај на својот работен и животен век, иако длабочината на шарата е далеку над минимум.

Половни гуми кои се (не) исплаќаат.

Главната причина за купување на половните гуми е нивната цена. На прв поглед тие може да делуваат евтино, но ајде да направиме пресметка за некои конкретни случаи и да видиме колку навистина чинат гумите.

Половни гуми: 20 евра една (длабочина на шарата 4 mm)

Употреблива длабочина на шарата: 2,4 mm.

Цена по милиметар на употреблива шара: 8,33 евра.

Нови гуми: 60 евра една (длабочина на шарата 8 mm).

Употреблива длабочина на шарата: 6,4 mm.

Цена по милиметар на употреблива шара: 9,37 евра.

Засега цената на чинење е приближна. Но не заборавајте дека во цената на гумите влегува и трошокот за нивната монтажа, што изнесува околу 4-5 евра по гума.

Тоа значи дека наместо новите гуми кои ќе ви служат во текот на одреден период, за истиот тој период ќе морате два до три пати да монтирате половни гуми, што разликата значително ќе се намали или ќе се израмни.

Возни карактеристики.

Главниот аргумент против половните гуми е следниот: дури и да претпоставиме дека половните гуми кои ги купувате се во одлична состојба, без оштетувања и шари кои ги задоволуваат стандардите, повторно ќе добиете гуми кои се близу до законската граница на својот работен век.

Возните карактеристики на гумите драстично се влошуваат кога длабочината на шарата ќе падне под 4 mm, така да во периодот додека ги користите половните гуми тие ќе го нудат последното од својот живот.

И за крај, пред да донесете дефинитивна одлука при купувањето на нови или половни гуми, земете се во предвид. Немојте единствен критериум да ви биде цената на половните гуми, туку сетете се дека зад неа стојат други скриени трошоци и опасности на подолг рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП