19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНавалица за новиот „Hummer“, „GMC“ го забрзува производството (ФОТО/ВИДЕО)

Навалица за новиот „Hummer“, „GMC“ го забрзува производството (ФОТО/ВИДЕО)

„General Motors“ најави дека ќе го забрза производството на новиот, целосно електричен „SUV“ – „Hummer“ поради исклучително добрата реакција на пазарот. Компанијата досега има добиено повеќе од 65.000 резервации за ова возило, што е значително повеќе отколку што очекуваше.

Не само што американскиот производител доби голем број резервации, туку 95 отсто од потенцијалните купувачи ги претвораат тие резервации во нарачки. Тоа е исто така повеќе од очекуваното, вели Данкан Олдред, глобален потпретседател на „GMC“. Добрата вест за компанијата е што е пред планот и кога е во прашање производството.

„Производството всушност е малку понапред од планот, а сега сакаме да го забрзаме уште повеќе, за да можеме да ги испорачаме нарачаните возила побрзо отколку што првично мислевме“, изјави Олред за „CNBC“.

Сепак, за жал на клиентите кои би сакале да го нарачаат „Hummer EV“ сега, дури и откако „GMC“ ќе го забрза производството, нема да го добие своето возило до 2024-та година поради големиот обем на веќе регистрирани нарачки.

И покрај тоа, март беше најдобриот месец кога станува збор за резервации.

За да го зголеми производството, „GMC“ мора да обезбеди дополнителни резерви на суровини, вклучително и погонски батерии, така што сè уште има ограничувања во однос на неговиот производствен потенцијал. Сепак, компанијата вети дека ќе произведе повеќе возила оваа и следната година од првично планираното.

„GMС“ е среде голема промена кон електрични возила, објавувајќи го не само „Hummer EV“, туку и електрични верзии на „Silverado“, „Blazer“ и „Equinox“. Интересот што го покажаа клиентите за „Hummer“ несомнено ќе биде охрабрувачки за директорите кога станува збор за понатамошните планови за електрификација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП