6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопствениците на приватен капитал се тркаат за купување на „Toshiba“

Сопствениците на приватен капитал се тркаат за купување на „Toshiba“

Акциите на „Toshiba“ нагло скокнаа откако „Bain Capital“ објави можен откуп на акции.

Акциите скокнаа за 6,7 отсто поради очекувањата дека светските гиганти би можеле да застанат во ред за да купат приватна компанија за која во моментов се тркаат повеќе акционери.

Најголемиот акционер на „Toshiba“, сингапурската „Effissimo Capital Management“, во четвртокот изјави дека се согласила да го продаде својот удел од 9,9 отсто на „Bain“ доколку американската компанија објави тендерска понуда. Инаку, компаниите „Bain“ и „Effisimo“ ги здружија силите за заедно да ја преземат компанијата.

Други глобални приватни инвестициски фондови се исто така заинтересирани за преземање на „Toshiba“, а договорот меѓу „Bain“ и „Effisim“ нема да го наруши нивниот интерес, велат тие, пренесува „Reuters“.

Драмата околу судбината на 146-годишната компанија уследи по објавата на „Toshiba“ во ноември дека планира да се подели на три компании во обид да ги смири акционерите кои повикуваат на радикални реформи по години финансиски и менаџерски скандали.

Во текот на петмесечниот период, „Toshiba“ имаше разговори со приватни компании, но одлучи да не ги прифати потенцијалните понуди. Тие наведоа различни причини, вклучително и можни конфликти со законот за национална безбедност на Јапонија и потенцијално противење од антимонополските регулатори.

Да потсетиме, една глобална компанија за приватен капитал му пристапи на менаџментот на „Toshiba“ за потенцијално откупување во јануари, велејќи дека може да даде предлог доколку компанијата е заинтересирана, велат изворите, кои одбија да бидат идентификувани бидејќи разговорите биле приватни.

Јапонскиот министер за индустрија Кичи Хагиуда во петокот рече дека „Toshiba“ поседува технологии за национална безбедност, како што се нуклеарната енергија и полупроводниците, и дека е важно да се осигура дека таквите компании се одржуваат и растат.

Претставниците на компанијата на конференцијата рекоа дека будно ќе ја следат ситуацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП