22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Apple“ се приближува до околу 3 трилиони долари

„Apple“ се приближува до околу 3 трилиони долари

Акциите на „Apple“ пораснаа во вторникот, при што компанијата беше на работ да ја забележи својата најдолга серија на дневен раст од 2003-та година, кога „iPhone“ сè уште не беше на пазарот, а „Nokia“ беше водечки производител на мобилни уреди.

Акциите на најголемата компанија во светот пораснаа за 0,8% 11-ти последователен трговски ден – редок настан во нејзината 41-годишна историја на тргување. „Apple“ исто така успеа да ја избрише загубата од почетокот на годината и да додаде речиси 430 милијарди долари пазарна капитализација – повеќе од големината на „Walmart“. Поширокиот пазар, исто така, се зголеми по напредокот кон прекин на огнот во Украина, при што индексот „Dow Jones“ додаде 0,4%, а „S&P 500“ 0,6 проценти.

Развојот на акциите на компанијата се случува во позадина на закрепнување на перформансите на големите технолошки и интернет компании, кои имаа слаб почеток во 2022-ра година. Акциите на „Amazon.com“ поминаа во позитивна територија за годината во понеделникот, а „Alphabet“ исто така успеа да закрепне најголем дел од својот пад од почетокот на годината. Инвеститорите се свртуваат кон т.н. „Big Tech“ како сигурно место за раст во несигурна економска средина.

„Распродажбата беше преголема и ги одведе овие имиња од „Big Tech“ до нивоа кои беа многу привлечни. Apple е многу силна и динамична компанија со раст и останува на подобриот крај на групата во однос на нејзиното вреднување“, рече Дејвид Кац, главен инвестициски директор на „Matrix Asset Advisors“.

Доказ за силните основи на компанијата е растот на прогнозата за профитот, кој беше ревидиран нагоре на 7,2% од аналитичарите – многу побрз развој од другите акции во „Faang Group“ („Meta“, „Amazon“, „Apple“, „Netflix“ и „Alphabet“). Растот, исто така, успеа да ја надмине најавата на „Nikkei“ за подготвени намалувања на производите, со што „Apple“ уште повеќе се доближи до пазарна капитализација од 3 трилиони долари.

Релито на големите технолошки имиња, иако приносот на 10-годишните државни хартии од вредност е 2,5%, наведе некои инвеститори да се запрашаат што се случува. Лиза Шалат, главен инвестициски директор на Одделението за управување со благосостојба на „Morgan Stanley“, рече дека напредокот на „Nasdaq 100“ е „збунувачки“ бидејќи доаѓа во време на зголемување на каматните стапки.

Според трговецот Џим Диксон од „Mirabaud Securities“, неискусните инвеститори со минимална инвестиција се тие што го водат релито.

Покрај тоа, во неделата, продукцијата на „Apple“ го доби Оскар за најдобар филм – „CODA: Child of Deaf Parents“. „Apple“ стана првата компанија за стриминг што ја освои престижната награда, победувајќи го конкурентот од „Netflix“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП