29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОд денеска основците без маски во училиштата

Од денеска основците без маски во училиштата

На вчерашната владина седница е донесена одлука за прифаќање на предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид-мерките кои важеа за учениците во основните училишта.

Основницте ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска. Одлката стапува на сила од денес и важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект.

Министерството за образование апелира на доследно почитување на сите останати мерки за справување со пандемијата кои се на сила и на одговорно однесување не само во училиштата, туку и надвор од нив, со цел непречено продолжување на наставата со физичко присуство како опција која е од најдобар интерес за учениците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП