4 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„HP“ ќе го купи производителот на аудио и видео уреди „Poly“

„HP“ ќе го купи производителот на аудио и видео уреди „Poly“

Производителот на компјутери „HP“ соопшти дека ќе го купи производителот на аудио и видео уреди, „Poly“ за 1,7 милијарди долари во готовина, бидејќи се обидува да профитира од бумот на побарувачката за електроника поврзана со хибридната работа, пренесува „Reuters“.

Цената на акцијата на „HP“ падна за 1,4% пред почетокот на трговскиот ден. Компанијата очекува договорот да ја позиционира подобро на долг рок во однос на растот.

Гигантот понуди 40 долари за секоја од акциите на „Poly“, порано позната како „Plantronics“. Ова претставува премија од околу 53% од цената по која последен пат се тргуваа хартиите од вредност. Вклучувајќи го долгот, вредноста на договорот е 3,3 милијарди долари.

„Подемот на хибридниот начин на работа дава можност еднаш во животот да се редефинира начинот на кој се работи“, рече извршниот директор Енрике Лорез.

Како што глобалната здравствена криза ја интензивираше потребата за хибридна работа, пазарот беше сведок на неколку аквизиции, вклучувајќи го и купувањето на „Slack Technologies“ од 27,7 милијарди американски долари од „Salesforce.com“ во минатата година.

„Poly“, чии акции пораснаа за 49 отсто пред почетокот на трговскиот ден, рече дека ќе мора да плати 66 милиони долари доколку договорот не успее.

Договорот се очекува да биде финализиран до крајот на 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП