2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСамсунг подготвува метално куќиште за Ѕ5?

Самсунг подготвува метално куќиште за Ѕ5?

South Korea Samsung Smart Watch

Критичарите на Самсунг честопати укажуваат на прекумерната употреба на пластика кога телефоните на оваа компанија се во прашање, но тоа би можело да се промени веќе од наредната година.

„Galaxy S5“ наскоро би можел да добие редизајн во кој ќе биде вклучено и метално куќиште. Инфромациите од Јужна Кореа укажуваат на тоа дека Самсунг планира да започне производство на алуминиумски куќишта.

Примероците се веќе направени во фабрика во Виетнам, а судејќи по извештаите, тие ќе бидат готови за напролет.

Самсунг веќе некое време е доминантен на пазарот на Андроид и доколку компанијата претстави нов премиум телефон со алуминиумско куќиште, значително ќе им ја отежни работата на конкурентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП