19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏиновски роботи од вселената пристигнаа во East Gate Mall(ФОТО)

Џиновски роботи од вселената пристигнаа во East Gate Mall(ФОТО)

Десетина огромни роботи високи до 6 метри пристигнаа во East Gate Mall! Секој од нив со неверојатна приказна и уникатни супермоќи – тие успеаја набрзина да ја воодушеват скопската публика со своите масивни, метални тела и импресивен изглед кој особено ги заинтересира љубопитните очи на најмладите помеѓу посетителите. Викендов младите веќе имаа можност да се дружат со дел од нив во градскиот парк и на Водно.

Изложбата на роботи е отворена во East Gate Mall од 26.03 до 26.04, во часовите помеѓу 10:00 и 22:00 часот, и во недела помеѓу 10:00 и 20:00 часот.

Бронкерсон, Пексивалд, Драмбот и останатите џиновски роботи припаѓаат на серијата R-1 (Rescuer-1) и нивната „роботска раса“ за првпат пристигна на Земјата пред околу 200 милиони години. Импресивната големина и височина дури до 6 метри ги прават овие роботи идеални заштитници, а нивното тело кое е покриено со оружја ги прави практично најголемите борбени машини на нашата планета. Нивната задача на Земјата е да го зачуваат уникатниот екосистем на планетата од бројните вонземски и вселенски закани.

И додека порано роботите од серијата R-1 активно се бореа насекаде низ Земјата, заштитувајќи ја од инвазии и разни опасности, последниве илјада години тие се криеја од луѓето и мирно надгледуваа што се случува. А сега, конечно решија повторно да се појават и да ги претстават своите моќи пред сите оние кои ќе дојдат да се запознаат со нив.

Поради нивната големина можеби тие изгледаат заканувачки, но вистината е дека тие доаѓаат во мир и тука се да ви демонстрираат зошто токму роботите од серијата R-1 се одбрани за да ја заштитат Земјата!

Изложбата можете да ја погледнете во East Gate Mall секој ден во работните часови, помеѓу 10 и 22 часот, како и во недела помеѓу 10 и 20 часот. Подгответе се за авантура, бидејќи џиновските роботи ве очекуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП