19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Tiffany & Co“ одбива да купи дијаманти од руско потекло

„Tiffany & Co“ одбива да купи дијаманти од руско потекло

Американската компанија за накит „Tiffany & Co“ одби да купува производи од Русија, пишува „Marketwatch“, повикувајќи се на портпарол на компанијата.

„Нашата компанија престана да ги купува сите необработени дијаманти од Русија, како и дијамантите од руско потекло, без разлика каде се сечат“, се вели во соопштението на портпаролот на „Tiffany“.

Американските санкции воведени во март се однесуваат само на груби и полирани дијаманти произведени во Русија, но не и на повеќето руски стоки полирани во Индија.

„Tiffany“ им наложи на своите добавувачи да престанат да купуваат руски дијаманти, како и да ги одвојат руските и неруските мали дијаманти кои се користат во накитот на компанијата.

Забраната се однесува на дијамантите ископани во Русија од 21-ви март. Компанијата не прецизираше дали руските дијаманти ќе продолжат да се достапни во продавниците и дали сè уште ќе може да купува дијаманти кои биле исечени или полирани пред конфликтот.

„Tiffany & Co“, моментално во сопственост на „LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton“, е долгогодишен клиент на руската компанија „ALROSA“.

Претходно, „Signet Jewelers“, друг американски трговец на мало, одби да купи дијаманти од Русија поради конфликтот во Украина, а онлајн трговецот на мало „Brilliant Earth“ ги отстрани сите дијаманти од руско производство од својата веб-страница. Двете компании рекоа дека откажувањето нема значително влијание врз нивното работење. „Signet“, исто така, побара од сите свои добавувачи да ги прекинат операциите со Русија и да потврдат дека секоја пратка на „Signet“ не содржи дијаманти или благородни метали од руско потекло купени по 24-ти февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП