16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботодавачите во најголем дел ја почитуваат одлуката за недела да е ден...

Работодавачите во најголем дел ја почитуваат одлуката за недела да е ден за одмор

По речиси три месеци од спроведување на законското решение со кое се предвидува недела да биде ден за одмор за сите работници, првичната слика на инспекциските служби е дека мерката од страна на работодавачите во голема мера се почитува.

Инспекторите од трудовиот инспекторат од први јануари 2022 говина спровеле речиси 400 надзори на компании за спроведување на законското решение недела неработен ден. На 15 работодавачи поради непочитување им е забрането да работат 15 дена поради непочитување на Законот за работни односи. Инспекторите сепак и по направените контроли сега ќе чешлаат дали работодавачите им исплатиле на работниците кои што работеле во недела дневница согласно одредбите во Законот.  

„Од први јануари 2022 година досега се спроведени 347 контроли во компании чии дејности во недела работат. На 15 работодавачи им се изречени инспекциски мерки – забрана за вршење на дејноста во рок од 15 дена, согласно казнените одредби од Законот за работни односи. Законот е ригорозен, секое непочитување од страна на работодавачите не предвидува опомена, па изрекување на пропишаната казнена одредба, туку веднаш се превземаат казнените одредби. Инспекторите проверуваат дали е и точно пресметана исплатената дневница на работниците кои во недела согласно законското решение биле на работа“, велат од Државен инспекторат за труд.

Но мерката неработен ден во следниот период се чека да се најде на пред уставните судии на разгледување. Иницијативата која беше најавено дека ќе се повлече од страна на Стопанската комора се очекува наскоро да се најде на седница. Првичниот став на комората пред самиот почеток на реализацијата на овој Закон е дека недела неработен ден како мерка нема да оди во прилог на македонската економија.

„Предлог измените на законот за работни односи со кој се дефинира недела неработен ден по сектори не оди во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците, ниту на македонската економија како целина, и ќе предизвика сериозни негативни импликации, е ставот на компаниите-членки на Стопанската комора на Северна Македонија. Изразуваат силно незадоволство од предложеното законско решение“, велат од Стопанската комора.

За недела неработен ден се изјаснија и германските стопанственици спроведувајќи анкета во која дури 65 проценти од компаниите не успеале да ги предвидат зголемените трошоци при изготвување на буџетот за оваа година кои ги предизвика измената на Законот за работни односи во делот за недела неработен ден. Властите засега остануваат на ставот дека законското решение ќе остане на сила.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП