28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЗапочна летното сметање на времето

Започна летното сметање на времето

Летното сметање на времето во Македонија започна денес во два часот по полноќ, а часовниците требаше да се поместат еден час напред.

Летното сметање на времето ќе заврши на 30 октомври.

Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем.

Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. 

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 г., а од 1996 г. е регулирано со Законот за сметање на времето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП